Достапни линкови

Напаѓачот во Ница со месеци го планирал нападот


Парискиот јавен обвинител Франсоа Молен денеска изјави дека напаѓачот кој со камион усмрти 84 луѓе во Ница со месеци го планирал нападот и имал соучесници. Тој изјави дека во телефонот на напаѓачот Мухамед Булел се пронајдени фотографи и пребарувања кои покажуваат дека го планирал нападот уште од минатата година. Обвинителството денеска покрена прелиминарна истрага за тероризам против петмина уапсени за кои постои сомнеж дека му памагале на напаѓачот. Напаѓачот со камион усмрти 84 луѓе, меѓу кои 10 деца, на прославата на националниот празник Денот на Бастиља во Ница.

XS
SM
MD
LG