Достапни линкови

logo-print

ИД има 48 часа да го напушти градот Манбиџ во Сирија


Силите во Сирија кои се поддржани од САД им дадоа 48 часа на милитантите од организацијата Исламска држава да го напуштат опкружениот град Манбиџ во близина на турската граница за да се спречат цивилни жртви. Воениот совет на Манбиџ, кој е дел од сириските демократски сили предводени од Курди, кои имаат поддршка од САД, велат дека понудата е една и последна шанса екстремистите живи да го напуштат градот. Десетици илјади цивили се уште се заробени во градот кој е упориште на милитантите на ИД. Советот соопшти дека ќе дозволат борците да го напушти градот со своето „индивидуално оружје“. Коалицијата предводена од САД врши воздушни напади врз градот, а сириските демократски сили го опколија градот, но не влегле во центарот за да се спречат цивилни жртви. Коалицијата предводена од САД е обвинета за убиството на најмалку 56 цивили во и околу Манбиџ на 19 јули.

XS
SM
MD
LG