Достапни линкови

Турскиот Парламент изгласа воведување вонредна состојба


Турскиот Парламент одобри воведување вонредна состојба во државата. Пратениците го поддржаа барањето со 346 гласа „за“ и 115 „против“. Вонредната состојба, како што претходно изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе трае три месеци. Тој истакна дека оваа одлука е согласно Уставот и наведе дека целта е брзо и ефикасно да се преземат мерки против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Ердоган изјави дека Европа нема право да ја критикуваат одлуката на Турција за воведување вонредна состојба.

XS
SM
MD
LG