Достапни линкови

Партиите за еврообврзницата и штетите од неа


Опозицискиот СДСМ бара министерот за правда Валдет Џафери да каже дали Министерството за правда издало правно мислење за правната важност на еврообврзницата од 450 милиони евра. Од СДСМ истакнуваат дека сите инволвирани лица во издавањето на, како што велат, незаконската 450 милионска еврообврзница, ќе одговараат. Од ВМРО-ДПМНЕ со сопштение одговараат дека разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено, до второто издавање е најдиректна заслуга само на СДСМ. Поради СДСМ, се вели во реакцијата, граѓаните на Република Македонија ќе бидат оштетени за 25 милиони евра.

XS
SM
MD
LG