Достапни линкови

logo-print

Груевски - добро е што партиите се договорија


Добро е што вчера партиите се договорија. Тоа пред сè е добро за државата за што е можно побрзо да има избори и да се стави крај на политичката криза предизвикана од опозицијата, оцени денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој рече дека се надева оти овојпат опозицијата нема да бара повторно алиби за нови одлагања или бојкотирања на изборите.

„Се надевам дека овојпат ќе изиграат чесно и дека навремено ќе се спроведе се што е договорено за да може оваа година да се одржат избори и да му се даде можност на народот да си го каже своето мислење“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

XS
SM
MD
LG