Достапни линкови

Иран уапси 40 луѓе осомничени за тероризам


Иранските власти уапсиле 40 луѓе осомничени дека планирале напад врз војската во југоистoчниот дел на земјата, на границата со Пакистан. Државната иранска новинска агенција ИРНА јавува дека уапсените се дел од терористичка група, но не кажува од која. Уапсените ископале тунел преку кој планирале да вршат напади и други милитантни активности. Пред неколку денови беа убиени четворица ирански граничари на границата со Пакистан.

XS
SM
MD
LG