Достапни линкови

Шарената револуција ја продолжува борбата


Борбата мора да продолжи зoшто во Македонија нема демократија, а правдата не е задоволена, се наведува во пораката на Шарената револуција објавена на Фејсбук. Во соопштението објавено од Шарената револуција се наведува дека нема да се откажат од сржта на барањата за кои со месеци се протестираше .

„Правда за граѓаните, казна за криминалците, демократизацијата на нашето општество, ослободување на институциите и надминување на оваа криза. Ова мора да биде процес во кој ќе бидат вклучени сите општествени чинители. Борбата продолжува! Мораме будно да го следиме спроведувањето на договореното и да бидеме свесни дека демократијата и владеењето на правото во Македонија нема да се случат кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Оваа држава има системски проблеми кои се негувани и развивани со децении и нивното надминување не е и не смее да биде брз, површен и неиклузивен процес.“

XS
SM
MD
LG