Достапни линкови

Останува суспензијата на руските атлетичари за ЛОИ во Рио


Арбитражниот суд за спорт во Швајцарија ја одби жалбата поднесена од 68 руски атлетичари кои ја обжалија забраната да учестуваат на летните Олимписки игри во Рио. Судот соопшти дека е валидна одлуката донесена од Атлетската Федерација да им забрани на руските спортисти да настапат на Олимпијадата.

Шефот на руската олимписка делегација Игор Казиков вели дека одлуката на Судот не е логична. Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко изјави дека жали за одлуката, која според него е малку политичка и нема правна основа. Олимпискиот шампион во скок со стап Елена Исинбаева изјави дека одлуката на швајцарскиот суд значи „погреб на атлетиката“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека тешко е прифатлива примена на колективна одговорност за сите спортисти.

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека одлуката на Судот ќе им помогне да донесат одлука дали на Русија да и се забрани целосно учество на ЛОИ. Русија се соочува со допинг скандал во кој руските власти се обвинети дека го контролирале допингувањето на спортистите на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014, како и на други големи настани.

XS
SM
MD
LG