Достапни линкови

Албанската опозиција се повлече од договорот за судски реформи


Љуљзим Баша.

Љуљзим Баша.

По постигнатиот консензус околу рефомите за албанското правосудство и честитките од меѓународната заедница за овој значаен чекор кој Албанија треба да ја приближи до ЕУ, опозициските демократи на Љуљзим Баша денеска се повлекоа од договорот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според Баша, виновник за тоа е владејачката Социјалистичката партија, која иако било договорено, во рефомите не го вклучила барањето на опозицијата за гарантирани места во Високиот судски совет и Високиот совет на обвинители.

Веднаш по јавно соопштениот став, американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, упати остри критики на адреса на опозицијата, за која изјави дека неочекувано го откажала постигнатиот договор пред денешното гласање за реформите во Собранието. Баша на тоа пак одговори дека вината е кај социјалистите.

XS
SM
MD
LG