Достапни линкови

Сенаторот Тед Круз не го поддржа Доналд Трамп


Тед Круз

На третата вечер на Републиканската национална конвенција беше предизвикана бура реакции на негодување откако Тед Круз, сенатор од Тексас избегна да го поддржи претседателскиот кандидат Доналд Трамп. Круз во трката за републикански претседателски кандидат загуби од Трамп кој често пати го нарекуваше „Лажгото Тед“. Се очекува вечер Трамп да одржи финален говор на конвенцијата. Пред салата во Кливленд се одржуваат протести на поддржувачите и опонените на Доналд Трамп. Полицијата приведе 17 луѓе откако се обидоа да го запалат американското знаме.

XS
SM
MD
LG