Достапни линкови

Ердоган прогласи вонредна состојба во Турција


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган синоќа прогласи тримесечна вонредна состојба во Турција по обидот за воен пуч. Тој, на прес конференција по завршувањето на седницата на владата во Анкара рече дека вонредната состојба не е против демократијата, владеењето на правото и слободите. Според него, станува збор за неопходен чекор за што поскорашно отстранување на заканите. „Како врховен командант ќе се погрижам да бидат исчистени сите вируси во оружените сили“, рече тој.

XS
SM
MD
LG