Достапни линкови

Датумот за избори ќе се договара на 31 август


Постигнат е договор за излез од кризата. Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли по средбата во Клубот на пратениците потврди дека договор има.

„Преговарачките тимови се договорија Законот за внатрешни работи што го донесе Владата неодамна да биде суспендиран до 1 јануари 2017 година, а новиот министер да има можност да смени 15 раководни лица“, рече Бејли.

Тој вели дека партиите се согласиле за прочистувањето на избирачкиот список, за балансирано известување на медиумите, за формирање преодна влада 100 дена пред изборите.

Лидерите на четирите партии на 31 август треба да се сретнат и да определат датум за избори, како и да го оценат спроведувањето на договореното.

„Партиите се обврзаа дека ќе бидат посветени на спроведување на европските реформи и дека ќе го почитуваат Законот за Специјалното јавно обвинителство“, рече Бејли.

Радмила Шеќеринска од СДСМ рече дека преодната влада ќе се врати, а Законот за внатрешни работи што беше голем проблем во преговорите ќе биде одложен до следната година.

„Ваквиот договор ни овозможува да завршиме со кризата која ни одзеде многу време и енергија и да се обезбедат услови за фер и демократски избори“, рече таа.

На средбата во Клубот на пратениците присуствуваа и претставникот од делегацијата на ЕУ во Скопје Тиборг Бароди, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

XS
SM
MD
LG