Достапни линкови

Турција поведе истрага против сите воени судии и обвинители


Турското Министерство за одбрана нареди да почне истрага против сите воени судии и обвинители во државата, јави НТВ.

Телевизијата прецизира дека 262 воени судии и обвинители се отстранети од должност по наредба на Министерството за одбрана.

Наредбата е дадена во рамки на истрага за обидот за пуч, зад кој се смета дека стојат следбеници на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД.

Во меѓувреметурската полиција приведе лице од Кабинетот на турскиот премиер осомничено дека дозволил истекување тајна информација, јави телевизијата.

XS
SM
MD
LG