Достапни линкови

Нема мерки за претпазливост за Јанкулоска


Не е одредена мерка на претпазливост за Гордана Јанкулоска осомничена во предметот Тврдина, одлучи скопскиот Кривичен суд. Предлогот на Специјалното јавно обвинитество Судот го отфрли како неоснован. Во соопштението на Судот се додава дека за другите лица опфатени со овој предмет испратени се покани дополнително да се јават кај судијата на претходна постапка за да се произнесат за предложените мерки.

Поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска е третоосомничена. Првоосомничен во случајот Тврдина е Горан Грујевски. Тој е разрешен од функцијата началник во Петтата управа во Министерство за внатрешни работи. Тие се осомничени за уништување на опремата за прислушување.

XS
SM
MD
LG