Достапни линкови

Еврообврзницата за СДСМ незаконска, за власта не е


СДСМ денеска обвини дека власта противзаконски ја издаде еврообврзницата и за задолжувањето од 450 милиони евра ќе мора да сноси одговорност.

Како што рече претседателот на партиската Комисија за финансии Кире Наумов, СДСМ не е против искористувањето на кој било финансиски инструмент за надополнување на дефицитот во Буџетот, но е против злоупотреба на средствата.

Новото задолжување, додаде, ќе ги чини граѓаните 627 милиони евра. Со него, јавниот долг се зголеми за над три милијарди евра и од вчера е на ново историско ниво од речиси пет милијарди евра или над 50 отсто од БДП.

Министерството за финансии во денешното соопштение во врска со прес-конференцијата на Кире Наумов од СДСМ истакнува дека Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа.

Постапката за издавање на еврообврзницата, како што посочуваат од Министерството за финансии, е согласно сите законски прописи.

Од Министерството за финансии нагласуваат дека еврообврзницата ќе обезбеди макроекономска стабилност во турбулентни политички услови.

XS
SM
MD
LG