Достапни линкови

logo-print

Горан Грујевски не е повеќе началник на Петтата управа во МВР


Горан Грујевски го прекинал боледувањето и се вратил на работа, но е разрешен од функцијата началник на Петтата Управа, а се уште нема поставено нов на неговото место, изјави министерот за внатрешни работи Митко Чавков на прес конференција за акцијата „Којот“. Грујевски е првоосомничен во предметот Тврдина на СЈО за уништување на опремата за прислушување.

Чавков рече дека во акцијата „Којот“ се приведени вкупно 19 луѓе, по три се трага, еден човек е надвор од Македонија, а еден е на издржување казна затвор. Од приведените, петмина се полицајци сите од СВР Велес, а еден од нив е помошник командир. Приведените се сомничат дека извршиле дела – злосторничко здружување, разбојништво, криумчарење мигранти, злоупотреба на службена положба, производство и тргување со дрога. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека е утврдено оти криминалната група извршила транспорт на најмалку 559 мигранти, за различни суми од 500 до 1000 евра.

XS
SM
MD
LG