Достапни линкови

Во Ваксинце пронајдени шест мигранти


Илустрација.

Илустрација.

Шест мигранти од кои еден малолетник се пронајдени во село Ваксинце, кумановско, соопшти полицијата. Тие биле пронајдени при преглед на комбе со скопски регистарски ознаки, во сопственост на една фирма. Петмина од мигрантите се од Шри Ланка, а еден од Пакистан. Возачот на комбето успеал да побегне, додека мигрантите се донесени во полицијата во Куманово. Малолетното лице ќе биде сместено во објект за ранливи категории - баратели на Азил, а две ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци - Скопје. Останатите мигранти ќе бидат вратени назад во Грција.

XS
SM
MD
LG