Достапни линкови

logo-print

Лајчак - Од Македонија зависи нејзината европска иднина


Словачкиот министер за надворешни работи и европски прашања и претседавач со Советот на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Словачкиот министер за надворешни работи и европски прашања и претседавач со Советот на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Задржувањето на препораката за почеток на пристапни преговори со ЕУ е исклучиво во раце на Македонија, рекол словачкиот министер за надворешни работи и европски прашања и претседавач со Советот на ЕУ, Мирослав Лајчак. Тој денеска во Братислава се сретна со македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Арбр Адеми. Секретаријатот за европски прашања соопшти дека Адеми рекол дека ЕУ се соочува со сериозните предизвици, но тоа не треба да се одрази на успорување на процесот на проширувањето и интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Министерот Лајчак истакнал дека за секоја земја од регионот има план за продолжување на процесот на интеграција. За Македонија потенцирал дека основниот предуслов за позитивен исчекор е итно, конечно решение на политичката криза, спроведување на кредибилни, фер и инклузивни избори, поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство и целосна имплементација на итните реформски приоритети.

XS
SM
MD
LG