Достапни линкови

Градоначалникот Талески на распит во СЈО


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска е на распит во Специјалното јавно обвинителство. Тој е осомничен во предметот „Транспортер“ за злоупотреба на пари за школски превоз. Талески еден месец е во куќен притвор. Осомничените во „Транспортер“ местеле тендери за превоз на ученици со што Општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот, рекоа од СЈО при презентација на предметот. Тие се товарат за злоупотреба на 360 илјади евра од буџетот преку злоупотреба на службената положба.

XS
SM
MD
LG