Достапни линкови

МВР акција „Којот“ во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија


Во оперативна акција на МВР наречена „Којот”, која се одвивала од вчера па до утринските часови, приведени се повеќе лица и извршени се претреси на неколку локации во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија.

Како што јави МИА, акцијата е извршена поради основи за сомневање за злосторничко здружување, разбојништва, лажно претставување, неовластено производство и пуштање во промет дроги, психотропни супстаници, криумчарење мигранти и злоупотреба на службена положба.

Според првичните информации, осомничени се и полициски службеници од СВР Велес.

Со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање за извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти

XS
SM
MD
LG