Достапни линкови

logo-print

Познат белоруски новинар убиен во Киев


Познатиот белоруски новинар Павел Шеремет загина денеска кога автомобилот што го возел екслодирал во украинскиот главен град Киев. 44 годишниот Шеремет се возел кон неговото работно место во веб сајтот „Украинскаја правда“ кога експлодирал автомобилот на неговата партнерка Олена Притула. Украинското обвинителство соопшти дека станува збор за инсталиранаексплозивна направа на возилото. Украинскиот претседател Петро Порошенко на Фејсбук напиша дека наредил итна истрага за „злосторството“, додавајќи дека виновниците мора да бидат казнети. Шеремет веќе пет години живеел во Киев, а претходно работел и за медиуми во Белорусија и во Русија. Тој беше познат борец за човекови права за што има добиено неколку меѓународни награди.

XS
SM
MD
LG