Достапни линкови

Доналд Трамп и официјално претседателски кандидат


Доналд Трамп и официјално претседателски кандидат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Доналд Трамп и официјално претседателски кандидат

Републиканците го номинираа милијардерот Доналд Трамп за нивен кандидат за американски претседател на изборите на 8 ноември. До ова дојде и покрај несогласувањата во нивните редови за неговата способност на таа функција забележани на националната конвенција на Репбликанската партија во Кливленд.

Спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Пол Рајан удри со чеканот и беше официјално: Доналд Трамп стана републикански кандидат за претседател на САД.

Тој обезбеди 1.725 делегатски гласови, потребни за да влезе во претседателската трка.

Тоа означи и крај на надежите на оние кои се надеваа дека ќе можат да го спречат изборот на бизнисменот од Њујорк и да ги натераат делегатите да гласаат за некој помалку контроверзен.

70-годишниот Трамп во изминатава година успеа да се справи со 16 ривали меѓу републиканците кои исто така сакаа да ја добијат партиската номинација за Белата куќа.

Сега, републиканските лидери се надеваат натамошниот тек на четиридневната конвенција која почна во понеделникот да ја искористат за намалување на разликите во партијата и да го претстават Трамп како човек со цврста рака кој ќе се бори против заканите по безбедноста на земјата дома и во светот и како креатор на нови работни места.

„Заедно постигнавме историски резултат со рекордни гласови во историјата на Републиканската партија. Ова е движење, но ни треба уште многу за да го минеме целиот пат“, изјави Трамп во видео пораката до делегатите на партиската конвенција во Кливленд.

„Ние ќе ја обновиме нашата осиромачена војска и ќе се грижиме за нашите сјајни ветерани. Ќе имаме силни граници. Ќе се справиме со Исламската држава. Ќе ги обновиме законот и редот и тоа брзо, меѓу многуте други работи“, рече тој.

Најверојатниот ривал на Трамп од Демократската партија Хилари Клинтон веднаш се огласи на Твитер:

„Доналд Трамп само што стана кандидат на републиканците. Сега треба да обезбедиме тој никогаш да не стапне во Овалната соба“, рече Клинтон.

Републиканците, исто така го номинираа гувернерот на Индијана 57-годишниот Мајк Пинс, за кандидат за потпретседател на САД.

Гласањето држава по држава за Трамп се одржа еден ден по говорот на неговата сопруга, Меланија, говор кој беше означен како плагијат на оној што го одржа сегашната прва дама Мишел Обама за време на демократската конвенција во 2008 година.

Во истовреме пред салата во која се одржува републиканската конвенција протестираат оние што не се согласуваат со политиките на Трамп, и неговите ставови против имигрантите и муслиманите.

Некои од нив носеа и полуавтоматски пушки како протест на законите во Охајо кои дозволуваат слободно носење оружје.

„Не мислам дека провоцирам. Доналд Трамп провоцира“, изјави еден од нив.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG