Достапни линкови

ЕУ: за 95 насто намален приливот бегалци во Грција


Само 1450 мигранти пристигнале во Грција во минатиот месец што е за 95 проценти помалку од јуни минатата година, соопшти граничната агенција на ЕУ Фронтекс. Контроверзниот договор меѓу ЕУ и Турција за запирање на бранот мигранти и строгата контрола на македонско грчката граница се меѓу факторите кои придонесоа за големиот пад на бројот на мигрантите. Во јуни годинава пак во Италија пристигнаа над 22 500 мигранти, што е за 24 насто повеќе од претходниот месец, мај.

XS
SM
MD
LG