Достапни линкови

logo-print

Туск: ни треба „сомотски развод“ меѓу ЕУ и Британија


Доналд Туск

Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј се заложил за, како што изјави, „сомотски развој“ меѓу Британија и Европската унија. До разговорот дојде пред нејзината посета на неколку европски земји. Таа денеска во Берлин треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, а утре во Париз со францускиот претседател Франсоа Оланд. Меј засега не планира да го посети Брисел. Британија се уште не го активира членот 50 од Европската повелба со кој стартува двегодишниот процес на излегување на Британија од Унијата.

XS
SM
MD
LG