Достапни линкови

Расте каматата за еврообврзницата


Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра со издавање на седумгодишна еврообврзница, со каматна стапка од 5,875 проценти годишно, јавува новинската агенција Ројтерс. Сегашната камата е повисока од претходно најавуваните 5 проценти. Минататиот четврток еврообврзницата која требаше да тежи до 650 милиони евра беше одложена откако член на опозицискиот СДСМ упати писмо до доверителите кои требаше да тргуваат со неа. СДСМ тврди дека издавањето на еврообврницата е незаконско.

XS
SM
MD
LG