Достапни линкови

ИД објави видео со напаѓачот на возот во Германија


Екстремистичката група Исламска држава објави видео на кое наводно е прикажано како Авганистанецот кој го изврши нападот на возот во Германија вели дека ќе го изврши нападот. Видеото објавено на нивната онлајн агенција АМАК прикажува како тинејџерот на паштунски вели дека ќе спроведе операција во Германија, а себе си се претставува како војник на калифатот. Претходно истата агенција објави дека напаѓачот е член на ИД. Тој со секира и со нож нападна патници во возот, при што четворица се сериозно повредени.
Властите во Германија соопштија дека пронашле знаме на ИД меѓу личните предмети на напаѓачот кој е од Авганистан, но побарал азил во Германија. Тој беше убиен од страна на полицијата додека се обдувал да избега по нападот.

XS
SM
MD
LG