Достапни линкови

Руските спортисти може да добијат забрана за ОИ во Рио


Меѓународниот олимписки комитет(МОК) денеска соопшти дека ќе ги разгледа „правните можности“ за да им забрани на руските спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио де Женеиро, а исто така нареди формирање дисциплинска комисија која треба да ја испита улогата на руските функционери во државниот допинг систем. Меѓународниот олимписки комитет одржа итни телефонски разговори, по извештајот на светската Анти-допинг агенција, во кој се наведува дека имало државно организиран допинг на Зимската олимпијада во Сочи во 2014 година, како и на други големи натпреварувања. МОК „ќе ги испита правните можности во врска со колективната забрана за сите руски спортисти на Олимписките игри во 2016 година, наспроти правото за индивидуална правда“, се наведува во соопштението. Одлуката треба да биде донесена на 21 јули годинава.

XS
SM
MD
LG