Достапни линкови

По обидот за пуч во Турција уапсени 9.332 луѓе


Турција покрена судски процеси против 9.332 луѓе под обвинение дека се вмешани во обидот за воен удар, соопштија денеска турските власти. Меѓу приведените се двајца воени советници на претседателот, 492 соработници на Дирекцијата за религиозни прашања. 100 полицајци, 6.038 војници, 755 судии и обвинители, над 250 соработници во кабинетот на премиерот и 650 граѓани.

Повеќе од 250 вработени во кабинетот на турскиот премиер Бинал Јилдирим се отпуштени од работа поради поврзаност со пучот од 15 јули. Во службата на премиерот работаат вкупно 2.600 лица.

Турската Влада немала информации дека се планира преврат, се додека тој не беше извршен во петокот вечерта, изјави денеска потпретседателот на владата Нуман Куртумлуш.

Неговата изјава е спротивна на соопштението кое претходно денеска го издаде раководството на турската војска. Генералштабот на турската армија денеска соопшти дека првите информации за пучот ги добил на 15 јули во 16 часот по локално време и за тоа ги информирал надлежните власти, нагласувајќи дека повеќето припадници на војската немале никаква врска со неуспешниот обид за воен преврат.

XS
SM
MD
LG