Достапни линкови

Седум војници загинале во источна Украина


Седум украински војници биле убиени во изминатите 24 часа во судирите со проруските сепаратисти во источна Украина, јави портпаролот на украинската војска Андриј Лушенко. Во борбите се повредени 14 други војници. Тој вели дека јули е најсмртоноскиот месец за речиси една година. Бранот насилство доаѓа и покрај мировен договор потпишан во Минск.

XS
SM
MD
LG