Достапни линкови

logo-print

Москва - уапсени инспектори кои штителе криминалци


Мафијашот Захар Калашов.

Мафијашот Захар Калашов.

Руските безбедносни сили уапсија тројца постари инспектори од московскиот огранок на Истражниот комитет, во врска со наводите дека штителе криминалци од гонење, јавуваат тамошните медиуми. Федералната служба за безбедност соопшти дека го претресува московскиот огранок на Истражниот комитет, како и домовите на неколку инспектори осомничени за злоупотреба на службената положба и примање мито од „претставници на криминалната заедница“. Судски претставници рекле дека очекуваат тројца инспектори да бидат донесени на распит. Според руските агенции, меѓу уапсените се и заменик шефот на московскиот огранок на Истражниот комитет и шефот на обезбедувањето. Тие наводно се осомничени дека му пружале заштита на осомничениот мафијаш Захар Калашов, познат како Шакро Џуниор. Калашов на 11 јуни беше обвинет за изнуда.

XS
SM
MD
LG