Достапни линкови

Обвинети лекарите за смртта на родилката и бебето во Гевгелија


Одобрено е обвинението против тројца лекари - еден анестезиолог и двајца гинеколози за случајот со починатата родилка и новороденчето во Гевгелија. Родилка и новороденчето починаа во ноември минатата година во болницата во Гевгелија. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето. Обвинителството донело Наредба за запирање на истражната постапка што се водеше против четвртото осомничено лице, кое во меѓувреме почина.

XS
SM
MD
LG