Достапни линкови

Турски Генералштаб - повеќето војници немаaт ништо со пучот


Повеќето припадници на турската војска немале никаква врска со неуспешниот обид за воен пуч, на 15 јули, соопшти денеска Генералштабот на Вооружените сили на Турција. Во соопштението на Армијата се наведува дека Генералштабот првите информации дека превратот е во тек ги добил во петокот во 16 часот по локално време, и за тоа веднаш ги информирал надлежните служби, пренесуваат турските медиуми. Генералштабот најави дека „најостро ќе го казни“ секој припадник на Вооружените сили кој учествувал во, како што се наведува во соопштението, „овој срам“.

XS
SM
MD
LG