Достапни линкови

ОН - Турција да го почитува владеењето на правото


Комесарот на ОН за човекови права ги повика турските власти да го почитуваат владеењето на правото при одговорот на обидот за воен удар. Тој изрази загриженост за предлозите на турските власти повторно да ја вратат смртната казна. Во денешното соопштение комесарот Зеид Раад ал Хусеин наведува дека независни набљудувачи ќе ги посетат и ќе ги проверат местата во Турција каде се сместени приведените и дали имаат пристап до адвокат и можност да се видат со нивните семејства. Тој вели дека не треба да се користи безбедноста како изговор побргу да се казнат оние кои се сметаат за одговорни. Комесарот вели дека повтoрното враќање на смртнатa казна ќе биде голем чекор назад за Турција.

XS
SM
MD
LG