Достапни линкови

Продолжува блокадата на полициската станица во Ереван


Ерменската полиција распореди дополнителни сили во областа околу полициската станица во Ереван каде што вооружени приврзаници на еден опозициски лидер во заложништво држат неколку луѓе од 17 јули. До ова дојде откако стотици опозиционери се собраа во Ереван и тргнаа кон полициската станица. За време на преземањето на станицата во саботата беше убиен еден полицаец додека неколкумина други беа повредени. Тие бараат ослободување од затвор на Џираир Сефилиан кој во минатиот месец беше осуден за илегално поседување оружје. Исто така тие бараат и оставка на претседателот Серж Саркисијан. Владата ги отфрли нивните барања.

XS
SM
MD
LG