Достапни линкови

Ердоган инсистира САД да го екстрадираат Ѓулен


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави за американската телевизија Си-Ен-Ен дека за неколку минути ја избегнал смртта, пред пучистите да го бомбардираат летувалиштето во југоисточна Турција, каде што тој бил на одмор минатиот викенд. Во интервјуто емитувано синоќа Ердоган изјави дека војниците, кои го поддржале превратот, убиле двајца негови телохранители при нападот во летувалиштето ноќта во петокот спроти саботата. Тој инсистира САД да го екстрадираат во Турција исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, поради, како што рече, неговата улога во осуетениот обид за воен удар. Ердоган изјави дека турскиот народ сака да биде обновена смртната казна укината во 2004 година и да им биде пресудена на учесниците во обидот за пуч. „Луѓето на улиците сметаат дека терористите треба да бидат убиени. Зошто да ги држиме и храниме во затворите следните години, тоа го велат луѓето“, додаде Ердоган.

XS
SM
MD
LG