Достапни линкови

На Косово казнети за подготовка видео за ИД


Приштинскиот суд осуди на казна затвор пет лица за подготовка на ширење пропаганда за групата Исламска држава. Судот ги казни од четири до петнесет години затвор за подготвување пропагандистичко видео за ИД. „Тие требало да го објават видеото на интернет за да покажат дека и таканаречената Исламска држава се проширила и на Косово“, се наведува во образложението на пресудата. Осудените беа уапсени во јули минатата година во близина на Приштина. При апсењето тие биле вооружени, маскирани со воени униформи и имале знаме на ИД. Косовските власти проценуваат дека над 300 косовари се бореле во Сирија и Ирак на страната на ИД. Од нив 50 загинале.

XS
SM
MD
LG