Достапни линкови

Рохани му честита на Ердоган за „стабилноста“ во Турција


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му честитал за враќањето на стабилноста во Турција. „Среќни сме сшто бевме сведоци на враќање на стабилноста во пријателската Турција“, ја цитираат изјавата на Рохани иранските државни медиуми, наведувајќи дека мирот и стабилноста во таа земја ќе води до подобрување на мирот и безбедноста во целиот регион. Рохани навел и тоа дека Иран „стоел и ќе стои зад народната влада на Турција“.

XS
SM
MD
LG