Достапни линкови

Меланија Трамп: Доналд ќе ги претставува сите луѓе


Сопругата на Доналд Трамп изјави дека можниот републикански претседателски кандидат, доколку биде избран за претседател ќе ги претставува сите американци без оглед на расата, верата или богатството. Говорејќи на републиканската конвенција во Кливленд, Меланија Трамп го портретира нејзиниот сопруг спротивно на проширените критики со кои тој се соочува поради неговите контроверзни изјави против муслиманите и имигрантите. И самата имигрантка од Словенија и поранешен модел Меланија изјави дека Доналд премногу ја сака Америка. Претходно самиот Трамп изјави дека е уверен оти ќе победи.

XS
SM
MD
LG