Достапни линкови

Нема одмор за турските владини службеници


Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска донесе одлука за укинување на годишниот одмор за државни службеници. Владината уредба се однесува за околу три милиони државни службеници ширум државата, јавуваат локални медиуми. Државните службеници кои веќе се на одмор треба да се вратат на работа, се вели во уредбата.

Претходно, турски медиуми јавија дека државните службеници не смеат да ја напуштаат државата. Останатите граѓани може слободно да ја напуштат Турција, но на граница треба да покажат дополнителен документ со кој ќе докажат дека не се државни службеници.

XS
SM
MD
LG