Достапни линкови

logo-print

Невладините повторно бараат вклучување во преговорите


„Граѓаните ќе ја решат кризата!“ напишаа активисти на Шарената револуција на улицата пред резиденцијата на американскиот амбасадор Џес Бејли каде се одвиваат партиските преговори. Претставници на преку 80 граѓански организации пред резиденцијата на Бејли повторно побараа да бидат вклучени во преговорите. Граѓанските активисти велат дека доколку партиите договорат нешто што ќе е на штета на граѓаните, тие ќе станат порадикални, но тоа не значи дека ќе бидат насилни.

По ова од СДСМ преку соопштение велат дека тие поддржуваат активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес.

XS
SM
MD
LG