Достапни линкови

logo-print

СДСМ бара министерот за внатрешни да има полни ингеренции


Министерот за внатрешни работи мора да има полни ингеренции како и сите други министри согласно Законот за Влада и постигнатиот Договор во Пржино, соопшти денеска СДСМ, посочувајќи ги своите позиции во рамки на актуелните меѓупартиските разговори. Според СДСМ, неопходно е Законот за внатрешни работи и Законот за полиција да бидат вратени во првобитната состојба. Од партијата обвинуваат дека владејачките партии во отсуство на опозицијата од Парламентот, како што наведуваат, ги донесоа законите за внатрешни работи и за полиција и отвораат теми што се затворени. СДСМ уште еднаш повторува дека ВМРО-ДПМНЕ бегаат од фер и регуларни избори.

Претходно Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ рече тие не бараат ресорниот министер за внатрешни предложен од СДСМ да нема никакви ингеренции.

XS
SM
MD
LG