Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препукуваат за еврообврзницата


Опозицискиот СДСМ денеска преку соопштение ги повика сите раководни лица кои се инволвирани во издавање на еврообврзницата, по досегашната постапка, да ја преиспитаат својата одлука.

Доколку сепак се одлучат да ја продолжат постапката, се вели во соопштението, по промената на власта, од легален аспект ќе биде оспорено ова задолжување како законски јавен долг.

На нивното соопштение реагираат од ВМРО-ДПМНЕ,според нив единствена цел на СДСМ е да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија според мотото „колку полошо за Република Македонија и нејзините граѓани, толку подобро за СДСМ“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ прави уште едно финансиско злосторство со обидот преку закани, лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава.

XS
SM
MD
LG