Достапни линкови

logo-print

Тодоров очекува договор на денешната средба


Постигнување договор на денешните партиски преговори за излез од кризата очекува претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во разговорите Никола Тодоров. Денешната средба ќе се одржи во резиденцијата на американскиот абасадор Џес Бејли.

„Се разговара за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за тоа до кога министрите предложени од опозицијата ќе бидат во Владата. ВМРО-ДПМНЕ бара доколку СДСМ изгуби на изборите, нивните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителните заменици-министри да се повлечат веднаш после изборите, а доколку победи за тоа нема потреба. ВМРО - ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени во МВР односно да нема масовни партиски чистки во МВР“, изјави Тодоров.

Што се однесува до ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Тодоров вели дека е неточно оти ВМРО - ДПМНЕ бара ресорниот министер предложен од СДСМ да нема никакви ингеренции.

XS
SM
MD
LG