Достапни линкови

Поднесено обвинение за шпионажа против Зоран Божиновски


За злосторничко здржување, шпионажа и уцена е обвинет новинарот Зоран Божиновски. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до скопскиот Кривичен суд поднесе обвинителен акт за Божиновски. Обвинителството предлага притвор за него.

За овие кривични дела тој беше гонет и во 2013 година, но беше недостапен за органите на прогонот, па истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Србија на 21 април годинава, соопштува Обвинителството. Божиновски е осомничен во случајот „Шпион“.

XS
SM
MD
LG