Достапни линкови

Судење на напаѓачите на саудиската амбасада во Иран


Зад затворени врати се одржува судењето на 21 осомничен за нападите на дипломатските претставништва на Саудиска Арабија во Иран. Осомничените се обвинети за нарушување на јавниот ред и оштетување на амбасади.

Група демонстранти упадна во саудиската амбасада во Техеран и во конзулатот во Машхад во јануари годинава. Нападите уследија откако во Саудиска Арабија беше егзекутиран шиитскиот свештеник Нимр Ал Нимр кој беше еден од 47 луѓе егзекутирани по обвинението за тероризам.
Иранските власти ги осудија нападите врз дипломатските мисии, а претседателот Хасан Рохани повика да се казнат напаѓачите.
По нападите на дипломатските мисии Саудиска Арабија ги прекине дипломатските односи со Иран.

XS
SM
MD
LG