Достапни линкови

Ослободени двајца заложници во Ереван


Ослободени се двајца заложници кои беа држени во полициска станица во Ереван од страна на вооружена група. Ерменските власти соопштија дека се ослободени еден полицаец и возач на брза помош додека траат преговорите меѓу безбедносните сили и вооружените лица. Тие на 17 јули зазедоа полициска станица при што еден полицаец беше убиен, а четворица повредени. Напаѓачите, членови на групата Основачко Собрание, се уште држат пет заложници во полициската станица. Напаѓачите преку соопштение бараат ослободување на нивниот лидер Зирајир Сефилиан кој беше уапсен минатиот месец под обвинение за поседување оружје. Тој е жесток критичар на власта. Тие исто така бараат претседателот Серж Саркисјан да се повлече. Ерменските власти ја отфрлија можноста за ослободување на Сефилиан и побараа од вооружените лица да се предадат.

XS
SM
MD
LG