Достапни линкови

logo-print

Турција суспендира илјадници полицајци


Турските власти суспендирале речиси 8.000 полицајци по обидот за државен удар во земјата, јави новинската агенција Анадолија, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи. Повеќе од 7.500 луѓе меѓу кои судии, воени лица и генерали, се уапсени по неуспешниот обид за пуч. Турските власти денеска соопштија дека 208 луѓе загинале, од кои 145 цивили, а 1490 се повредени во насилствата. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека размислуваат за повторно воведување на смртната казна. Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ја повика турската влада за оддржи мир и стабилност во земјата.

Германија предупреди дека преговорите за влез на Турција во ЕУ ќе прекинат ако земјата повторно воведе смртна казна. Последен пат смртна казна во Турција била извршена во 1984, а целосно е укината во 2004. Белгискиот министер за надворешни работи Дидиер Рејндерс изјави дека Анкара треба пропорционално да одговори на неуспешниот државен удар.

XS
SM
MD
LG