Достапни линкови

Започнува конвенцијата на републиканците во САД


Американската Републиканска партија денеска ја стартува четиридневната националната конвенција во Кливленд, Охајо, на која се очекува милијардерот Доналд Трамп да биде официјално номиниран за републикански кандидат за претседател на САД на изборите кои треба да се одржат на 8 ноември.

На конвенцијата свое обраќање ќе имаат лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел и спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, како и поранешните ривали на Трамп кои испаднаа од трката, Тед Круз, Крис Кристи, Скот Вокер и Марко Рубио. Со говорот на Трамп треба да заврши конвенцијата на 21 јуни. Шефот на полицијата во Кливленд рече дека се очекува пред салата каде се одржува конвенцијата да има протести, па затоа има силно обезбедување. Конвенцијата на демократите пак треба да се одржи следната недела во Филаделфија.

XS
SM
MD
LG