Достапни линкови

logo-print

Ирачките шиити против нови сили на САД во Ирак


Шиитскиот свештеник Муктада ал Садр

Шиитскиот свештеник Муктада ал Садр

Шиитскиот свештеник Муктада ал Садр се закани дека ќе ги напаѓа новите американски сили кои доаѓаат во Ирак за да помогнат во борбата против милитантите на Исламската држава. Садр, чија Махди армија се бореше против американските сили во 2003 година, изјави дека 560 американски војници кои наскоро треба да пристигнат во Ирак ќе бидат цел на нивните напади. Махди армијата беше расформирана во 2008 година и заменета со Мировни бригади кои помогнаа милитантите на ИД во 2014 година да бидат одбиени од областите во близина на Багдад.

XS
SM
MD
LG