Достапни линкови

logo-print

Во Турција уапсени над 6 илјади по обидот за пуч


Турските власти уапсиле над 6 илјади луѓе по неуспешниот обид за воен удар, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе продолжи чистењето на државните институции. Говорејќи на погребот на една од жртвите во Истанбул, Ердоган прецизира дека институциите ќе бидат исчистени од поддржувачите на свешетникот Фетула Ѓулен кој се наоѓа во САД, а за кој Анкара вели дека стоел зад пучот. Ѓулен ги отфрли ваквите обвинувања. Меѓу уапсените се и околу 2 илјади и 700 судии, како и Али Јазичи воен советник на претседателот Ердоган. Според последните податоци во воениот удар загинале над 290 луѓе, додека 1400 биле ранети.

XS
SM
MD
LG